Портал:Наука/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Опит (експеримент) — склоп на настани и набљудувања, кои се извршуваат да потврдат или да побијат некоја хипотеза или истражување чија главна тема е некоја појава. Опитот е намерно контрoлирање на некоја појава со цел научно да се истражи и разбере спомнатата појава. Научникот со опитот ја „приморува природата“ да одговори на неговите прашања. Во пошироко значење, опит е секое практично испробување на функционирање на некој проект кој ќе се по стекнатите искуства спроведе во поширок обем, или ќе се отфрли ако практичното испробување открие крупни недостатоци. Опитот е најглавната компонента во емпирискиот приод до знаењето. Прочитајте повеќе