Портал:Македонска Православна Црква/Дали знаете дека...

Од Википедија — слободната енциклопедија
  • Македонија е библиска земја. Во Библијата има три книги посветени на Македонците: двете посланија на апостол Павле до Солунјаните и едно послание до Филипјаните(Егејска Македонија), а во книгата за Делата на апостолите меѓу другото е опишано патувањето на апостол Павле во Македонија
  • Дали знаете дека првата европска христијанка била Македонката Лидија (богата жена која тргувала со платно) од градот Филипи (Егејска Македонија). Неа во христијанска религија ја преобратил апостолот Павле на неговата втора мисија.
  • Византискиот цар Јустинијан I роден во с. Таор, Скопско во VI век ја основал архиепископијата Јустинијана Прима со седиште во Македонија.
  • Св. Кирил со создавањето на глаголицата, а потоа кирилицата од неговите ученици започнува шрењето на писменоста кај Словените, најпрвин со преведување на црковни книги од грчки на словенски јазик.
  • Папата Адријан II при престојот на Св. Кирил и Методиј во Рим одобрил богослужбата во црквите да се врши и на словенски јазик. Дотогаш, богослужба се вршело само на: латински, грчки и еврејски јазик.
  • Охридската книжевна школа основана во 886 год. од страна на Св. Климент Охридски е најстар европски универзитет. Во неа биле обрзувани над 3500 луѓе. Денес се смета дека се наоѓала во месноста Имарет бидејќи не се зачувани нејзините остатоци.