Портал:Македонија/Илинденско востание

Од Википедија — слободната енциклопедија

Илинденското востание е востание на македонскиот народ против Отоманското Царство кренато на 3 Август 1903 година. Најсилен замав востанието имало во Битолскиот револуционерен округ. Турските власти, изненадени од опсегот на востанието, превзеле контраофанзива, на 10 август 20.000 војска, проследена со артилерија и башибозук. Најголеми борби се воделе во околината на Крушево. За време на Илинденското востание е прогласена првата Македонска Република, првата република на Балканот. За претседател на Републиката избран бил Никола Карев. Избрана била и привремена востаничка влада.

Една од најзначајните личности од тоа време бил револуционерот Гоце Делчев, лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна преименувана во Внатрешно Македонска Револуционерна Организација (ВМРО).