Портал:Логика/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

 

Логиката (од старогрчки: λόγος - 'збор/говор') е наука која се занимава со изучување на принципите и критериумите на валидните заклучоци и докажувањето.

Како формална наука, логиката ја истражува и класификува структурата на исказите и аргументите, по пат на изучување на формални системи на заклучувањето, но и со изучување на аргументите во природниот јазик. Логиката опфаќа најразлични проблематики, од основни теми како изучувањето на логички грешки и парадокси, специјализирани анализи на расудувањето со примена на веројатност, па сè до аргументи во врска со причиноста. Логиката денес честопати се применува во теоријата на аргументацијата.

Традиционално логиката се изучува како гранка на философијата, како еден дел од класичниот тривиум, кој се состоел од граматика, логика и реторика. Од средината на XIX век формалната логика се изучува во контекст на основите на математиката. Во 1903 г. Бертранд Расел и Алфред Норт Вајтхед се обиделе формално да ја утврдат логиката како камел темелник на математиката со објавувањето на делото „Принципија Математика“. Меѓутоа системот на ова дело повеќе не се користи, поради неговото истиснување од страна на теоријата на множествата. Развојот на формалната логика и нејзината примена во сметачата машинерија претставува темел на информатиката.