Портал:Кирибати/Intro

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знаме на Кирибати.
Знаме на Кирибати.
Грб на Кирибати.
Грб на Кирибати.

Кирибати (гилбертски: Kiribati или Tungaru) е островска држава која се наоѓа во средишниот дел од Тихиот Океан. Се состои од 33 атоли што се наоѓаат на површина од 3,500,000 км2. Името Кирибати е локална верзија на неговото име пред стекнувањето независност во 1979 година, Гилбертови Острови, а додека на кирибатски јазик државата се вика „Тунгару“.

Името на Кирибати доаѓа од името на Гилбертови Острови, додека пак овие се именувани според британскиот капетан Томас Гилберт кој стигнал на островите во 1788. Моменталното име Кирибати е како прифатлива верзија на името Gilberts (Гилбертови). Населението во Кирибати на гилбертски јазик ја нарекува државата Тунгару, но сепак државата се одлучила за широко познатото име, Гилбертови Острови, односно Кирибати...