Портал:Кирибати/Избрана статија/1

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Кирибати.
Грб на Кирибати.

Кирибати (гилбертски: Kiribati или Tungaru) е островска држава која се наоѓа во средишниот дел од Тихиот Океан. Се состои од 33 атоли што се наоѓаат на површина од 3,500,000 km². Името Кирибати е локална верзија на неговото име пред стекнувањето независност во 1979 година, Гилбертови Острови, а додека на кирибатски јазик државата се вика „Тунгару“.

Територијата денес позната како Кирибати била населена од микронезиско население од пред 3000 години. Територијата не била изолирана, туку имало доселување на население од Тонга, Самоа и Фиџи кои ги вовеле меланезиската и полинезиската култура во оваа микронезиска држава.

Гилбертовите и Елис островите се здобиле со самоуправување во 1971 година. Во 1978 година Елис Островите станале независната држава Тувалу. Гилбертовите Острови станале независна држава Кирибати на 12 јули 1979 година.

Во 2008 година Кирибати побара од Австралија да го прими населението како постојани бегалци бидејќи се очекува Кирибати да е првата земја потполно избришана од географската карта поради зголемување на морето, следна таква држава е Тувалу. Повеќе...