Портал:Историја/Featured article/февруари, 2007

Од Википедија — слободната енциклопедија

Прва Светска војна, исто така позната и како Големата војна и Војна на Нациите е светски конфликт што се одвива од 1914 до 1918 и започнува во Европа. Ниеден претходен конфликт нема мобилизирано толкав број војници ниту пак вклучил толку многу луѓе во бојното поле. Првата Светска војна е втор најкрвав настан во светската историја до тогаш. Хемиско оружје е искористено за прв пат, изведени се првите масовни бомбардирања на цивили од небо, и некои од првите големи масакри на цивили се случуваат за време на војната. Четири династии, Хабсбурзите, Романови, Отоманците и Хоенцолерните, чии корења на моќ се протегаат до деновите на крстоносните војни, паѓаат за време на војната или после неа.

Првата Светска војна претставува одлучувачко раскрстување со стариот светски поредок, обележувајќи ја пропаста на апсолутистичката монархија во Европа. Војната ќе се покаже како катализатор за Руската револуција која понатаму ќе инспирира револуции во земји како Кина и Куба и ќе ја постави основата за Студената војна меѓу Советскиот Сојуз и Соединетите Американски Држави. Поразот на Германија во војната и неуспехот да се решат некои од причините за Големата војна поставуваат основа за раст на националниот социјализам и неговиот конечен резултат - избувнувањето на Втората Светска војна во 1939. Војната исто така на големо ја зголемува употребата на масовна индустријализација како база за нова форма на војување што се потпира целосно на технологија и вовлекува цивили како никогаш порано.