Портал:Историја/Одбрана статија/декември, 2007

Од Википедија — слободната енциклопедија

Римската кујна еволуирала низ долгиот (преку 1000 години) период на траење на нивната римска цивилизација. Таа попримила влијание од грчката култура, политичките промени од кралството, во републиката, па во царството, како и големата експанзија на истото која донела многу нови кулинарски навики и техники на готвење од провинциите.

Во почетокот разликите помеѓу општествените класи не биле големи, но несразмерноста се зголемувала паралелно на растењето на самото царство.

Традиционално изутрина се служел појадок наречен јентакулум или јантакулум, на пладне главното јадење на денот, наречено кена, а навечер се служела весперна. Заради грчкото влијание како и зголемениот увоз и потрошувачка на увозни храни, кена-та се зголемила во количина и разновидност и се јадела попладне, весперна-та била отфрлена и бил додаден втор појадок околу пладне, наречен прандиум.

Пониските слоеви од општеството ги следеле старите навики, заради тоа што подобро одговарале на дневниот ритам на мануелната работа.

Првобитно се јаделе округли сплескани лебови од пиреј (житарица сродна на пченицата) со малку сол; повисоките класи јаделе и јајца, сирење и мед, заедно со млеко и овошје. Во царско време, околу почетокот на нашата ера, почнал да се користи пченичниот леб, а со тоа и разни други пецива.

Прочитајте повеќе...