Портал:Историја/Одбрана статија/август, 2007

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мирна улица во Помпеја

Помпеја (лат. Pompeii) е срушен римски град близу денешен Неапол во италијанскиот регион Кампанија, на територијата на комуната Помпеи. Овој град, заедно со градот Херкуланеум биле уништени и сосема затрупани со катастрофалната ерупција на вулканот Везув на 24 август 79 н.е.

Вулканот ја потрупал Помпеја со многу метри пепел, и за него не се знаело 1,600 години, сѐ додека не бил случајно откриен во 1748. Одтогаш ископувањата даваат инзвонредно подробен увид во животот на градот во зенитот на Римското царство. Денес местото една од најпопуларните туристички атракции во Италија и се смета за светско наследство на УНЕСКО.

Срушениот град Помпеја лежи на координатите Erioll world.svg 40°45′00″С, 14°29′10″И , во близина на современото предградие Помпеи. Лежи на подигната почва формирана од текот на лавата северно од устието на реката Сарно (во антиката наречена Сарнус). Денес лежи на извесно растојание од морето, но во античко време била поблиску до морето.

Археолошките ископувања доаѓаат само до нивото на улицата како што било во 79 н.е.; со подлабоките ископувања во постарите делови на Помпеја и примероците од дупчења наоколу се гледаат пластови од измешан наноси кои укажуваат на тоа дека градот страдал од вулканот и други сеизмички случувања и пред тоа. Овие пластови од нанос се пронајдени врз лавното тло кое се наоѓа под градот, смешана со наносите. Тука археолозите имаат пронајдено парчиња од животински коски, парчиња од грниња и растенија. Со помош на радиоактивно датирање утврдено е дека најстариот слој датира од VIII-VI век п.н.е, околу времето на основањето на градот. Другите два слоја се одделени од останатите со добро-развиени слоеви од почва или пак римска калдрма и биле поставени во IV и во II век п.н.е. Теоријата за слоевите на измешани наноси е дека ова се случило со одрони, веројатно предизвикани од долги периоди на врнежи.

Прочитајте повеќе...