Портал:Инки/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Инките или цивилизацијата на Инките своите почетоци ги започнале како мала група во регионот Куско, каде легендарниот Сапа Инка, Манко Капак го создал Кралството Куско во 1200. Под водство на наследниците на Манко Капак, државата на Инките се зголемила и ги приклучила околните андски заедници. Во 1442 година Инките започнале да ги прошируваат границите подалеку под водство на Патчакути. Тој ја основал Империјата на Инките (Tawantinsuyu), која прераснала во најголема империја во Америка до предиот на европската колонизација.

Империјата била поделена за време на граѓанската војна, која би требало да одреди Инка Ханан и Инка Хурин. За време на оваа војна се спротивставиле браќата Хуаскар и Атахуалпа. Во 1533 година, шпанскиот колонизатор Франсиско Писаро ја искористил оваа ситуација и освоил голем дел од територијата на Инките. Во наредните години, колонизаторите ја освоиле скоро целата територија на Инките. Империјата на Инките била сосема уништена со основањето на Вицекралството Перу во 1542. Подоцна следело ослободително движење на Инките кое завршило со неуспех во 1573 година. Денес, културата и традицијата на Инките ја продолжуваат Кечуанците и Ајмарите. дознај повеќе...