Портал:Индијанци/Избран јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мајански јазик (алтернативно: Мајански јазици) е назив што се користи за јазици во Средна Америка. Јазикот го зборуваат околу 6 милиони луѓе наречени Мајанци, особено во Гватемала, Мексико и Белиз. Во 1996 година Гватемала призна 21 мајански јазици а Мексико призна уште четири плус. Фамилијата на мајански јазици е една од најпроучуваните и најдокументираните јазици во Средна Америка од староседелните јазици. Филмот Апокалипто, од Мел Гибсон, е исклучиво сниман употребувајќи го јукатеканскиот мајански јазик. Модерниот мајански јазик е создаден од протомајански јазик, и е јазик за кој се смета дека се зборувал уште од пред 5000 години. Мајанскиот јазик формира дел од мезоамериканската лингвистичка територија, настанат со заемно мешање на народите од Средна Америка и скоро сите имаат заеднички лингвистички елементи. Прочитајте повеќе