Портал:Египтологија/Дали знаете

Од Википедија — слободната енциклопедија
  • ...дека фараоните во древен Египет се сфаќани како божество и така се третирани? Едно општо верување било дека фараоните се инкарнација на богот Хор додека се живи, а на богот Озирис во смртта.
  • ...дека братот на богот Озирис, Сет кој го претставувал хаосот во универзумот, го убил Озирис со тоа што го измамил да влезе во кутија, која потоа е закована и фрлена во Нил?
  • ...дека Хоровото око (на сликата) е египетски симбол на заштита и кралска моќ дадена од божествата, во овој случај од Хор или Ра?
  • ...дека феникс е машка птица со црвено-златна боја, за која се зборувало дека живее 500, 1461 или 12.594 години?
  • ...дека Долината на кралевите е посебно популарна поради откритието на гробот „KV62“ на Тутанкамон (заедно со приказните за „проклетството на фараоните“)?
  • ...дека Нефертити, чие име грубо преведено значи „убавата (или совршената) жена дојде“, уживала невидена моќ со подеднаков статус како оној на фараонот?
  • ...дека Ахеменидските шахови биле признавани за фараони, така сочинувајќи ја „Дваесет и седмата“ династија, меѓу кои е и Дариј I, кој владеел од 521486 п.н.е.?
  • ...дека египетскиот бог на воздухот, Шу, е син на Ра, кој го создал преку кивање, а потоа ја исплукал и неговата сестра Тефнут, божицата на влагата?