Портал:Географија/Одбрана статија/2007/ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нижни Новгород (руски: Нижний Новгород) или скратено - Нижни, е четвртиот град по големина во Русија, по Москва, Санкт Петербург и Новосибирск. Население: 1,297,600 (2005). Градот е економски и културен центар на огромниот Волго-Вјатски стопански регион, како и административен центар на Нижегородската област и Приволжскиот федерален округ.

Од 1932 до 1990 градот го носел името Горки (Горький) во чест на писателот Максим Горки. По падот на СССР, градот си го враќа своето име.

Градот бил основан од кнезот Јуриј II Вселоводич во 1221 на врстувањето на најважните реки во регионот, Волга и Ока. Дадено му е името Нижни Новгород („Долен Новоград“), за да се различи од постариот град Новгород. Нижегородската тврдина играла важна стратешка улога, особено со помош на природниот шанец обликуван од двете реки.

Заедно со Москва и Твер, Нижни Новгород е еден од неколкуте новосоздадени градови кои ја избегнале монголските ужаси заради нивното големо значење и израснале како силни противници на т.н. татарски јарем. Градот се здобил со уште повеќе важност кога престолнината на моќното Суздаљско Кнежевство вила префрлена тука од Городец во 1350. Кнезот Димитриј Константинович (1323-1383) се стремел градот да стане соперник и рамен на Москва: изградил камена крепост, неколку цркви и бил покровител на историчарите. Најраниот ракопис од Несторовиот летопис, наречен Лаврентов летопис, бил напишан од локалниот монах Лаврентиј во 1377.

Прочитајте повеќе...