Портал:Географија/Одбрана статија/2007/август

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Panorama-delcevo.jpg

Општина Делчево е општина во Источна Македонија. Центар на општината е градот Делчево. Географската површина изнесува 423 км² и живеат околу 17.713 жители. Во Делчево се има 22 населени места и тоа: градот Делчево и селата: Бигла, Ветрен, Вирче, Вратиславци, Габрово (Делчевско), Град (Делчевско), Драмче, Ѕвегор, Илиово, Киселица, Косово Дабје, Нов Истевник, Очипала, Полето, Разловци, Селник, Стамер, Стар Истевник, Тработивиште, Турија и Чифлик (Делчевско). Градот го носи името на гордоста на македонскиот народ - Гоце Делчев. Во минатото општината била позната и под името Царево Село.

На 164 км источно од Скопје, во подножјето на планината Голак, распослан на двата брега на реката Брегалница лежи бисерот на источна Македонија, градот Делчево. Тоа е најголемо населено место во областа Пијанец, која се протега на површина од 453 км2 , сместена помеѓу Осоговските планини (на север) и Малешевските планини (на југ).

Градот лежи на надморска височина од 590м до 640м. И покрај тоа што се наоѓа во најисточнот дел од државата Делчево има релативно добра географска положба и сообраќајна поврзаност. Тоа е крстосница за источна Македонија. Преку Пехчево (27 км) и Берово (34км) е поврзано со Струмица на југ, а преку Македонска Каменица (22км) и Кочани (48км) е поврзано со Штип на северозапад. На запад на 39 км, се наоѓа Виница, а граничниот премин " Арнаутски гроб " е на исток, оддалеченост од 11 км.

Прочитајте повеќе...