Портал:Географија/Одбрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Wien 3 Wappen.svg

Виена (англиски: Vienna, германски: Wien, словенечки: Dunaj, српски и хрватски: Beč, унгарски: Bécs, чешки: Vídeň, словачки: Viedeň, романски: Viena, ромски: Vidnya, руски: Вена) е главниот град а исто така и една од деветте сојузни држави во Австрија.

Со население од околу 1,6 милиони (2,2 милиони во метрополитанската област) се наоѓа на двата брега на реката Дунав, и на само 60 km од австриската источна граница. Така, градот лежи во југоисточниот агол на централна Европа и се наоѓа во близина на Чешката Република, Унгарија и особено на Словачка. Виена е најголемиот град во Австрија, нејзиниот главен културен, економски и политички центар, а воедно е и седиште на многубројни канцеларии на Обединетите Нации и на разни меѓународни институции и компании вклучувајќи ги и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (OSCE), Организацијата на земјите извознички на нафта и нафтени деривати (OPEC) и на меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).

Виена е основана како Келтски град околу 5 век пне. Во 15 година пне. (тогашен назив Виндобона) станува одбранбен град на Римската Империја против Германските племиња од Север. Во текот на средниот век станува дом на Бабенберговата а подоцна и на династијата Хабсбурговци. Турците Отомани, во текот на 16ти и 17ти век, двапати се одбивани во нивните обиди да го заземат градот. Во 1815 со Виенскиот Конгрес се нацртани новите граници во Европа по падот на Наполеон кај Ватерло. За време на Студената Војна Виена е жариште на меѓународните шпионски игри, што се должи на положбата на (тогаш) неутралната Австрија помеѓу Источниот и Западниот блок. Прочитајте повеќе...