Портал:Византија/Избрана биографија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јустинијан I (483-565) бил византиски цар, император на Источното Римско Царство (од 527565 год.), христијанин и православен теолог. Настојувал да ја обнови моќта и големината на Римската Империја која била ослабена со упадите на варварските племиња. Познат е по проширувањето на Империјата, првенствено со воените кампањи на Велизариј, како и по неговиот брак со контраверзната царица Теодора. Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното римско право. Јустинијан бил една од најзначајните личности во доцната антика, и со него завршува периодот на благосостојба во Византија, се' до 9 век кога таа повторно ќе се издигне. Прочитајте повеќе