Портал:Византија/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Византија е поим кој се користи да се опише просторот на грчкото говорно подрачје, на Римското Царство, во средниот век, кое имало седиште во Константинопол денешен Истанбул. Во посебна смисла обично се однесува на вековите кои го обележале падот на Западното Римско Царство. Со Византија се поврзува и терминот Источно Римско Царство. Не постои општа согласност кога почнува византиската епоха, некои тој почеток го сместуваат во времето на владеењето на Диоклецијан (284305), кој спровел реформа на царството и го поделил на два административни дела – Источен (pars Orientis) и Западен (pars Occidentis). Прочитајте повеќе