Портал:Бугарија/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стефан Влахов Мицов е универзитетски професор и писател од Бугарија. Роден на 6 февруари 1956 година, во Габрово, Бугарија. Тој вели дека неговата мајка е од македонско, a мајката на неговиот татко е од куманско потекло. Семејното воспитување, но и фактот дека е од мешан брак го натерало да посака да ги осознае деталите во врска со својот идентитет и затоа себеси се смета за особено чувствителен по прашањето на националните малцинства на Балканот. Има објавено книги во различни области: литературна критика, философија на историјата, социјална психологија, политикологија. Неговите дела се објавувани на македонски, германски, руски, полски, фински, турски, арапски и италијански јазик. Повеќе...