Портал:Босна и Херцеговина/Intro

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Flag of Bosnia and Herzegovina
The coat of arms of Bosnia and Herzegovina.
Location of Bosnia and Herzegovina on the map of Europe.

Босна и Херцеговина или скратено БИХ е држава во југоисточниот дел на Европа, сместена на западниот дел од Балканскиот полуостров. На север, запад и југозапад граничи со Хрватска, а на исток со Србија. На југоисток граничи со Црна Гора. Главен град е Сараево. Независност БИХ прогласува со референдумот кој се одржал во 1992 година. Според пописот од 2006 година, населението на БИХ изнесдува 4 498 976. Порано беше една од федералните единици на Југославија. Босна и Херцеговина се наоѓа во југоисточниот дел на Европа, на западниот дел од Балканот. Вкупната површина на земјата изнесува 51 129 km². Таа граничи со Хрватска на север, северозапад и југ со вкупна должина на границата од 932 km, потоа со Србија на исток со вкупна должина на границата од 312 km и со Црна Гора на југоисток со вкупна должина на границата од 20 km. Босна и Херцеговина излегува на Јадранското море. Самата држава се состои од две географки и историски целини: Босна која се наоѓа на север со околу 42.000 km², и Херцеговина на југ. Државата е мала планинска земја. Главен град на земјата е Сараево со околу 500 000 жители. Од поголемите градови се издвојуваат: Бања Лука, Тузла, Мостар, Бихаќ, и други. (Дознај повеќе...)