Портал:Битола/Религија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Католичката црква на Широк Сокак
Католичката црква на Широк Сокак

Битола е епископски град и седиште на Преспанско-пелагониската епархија. Во Втората светска војна оваа епархија го добила името Охридско-битолска. Со обновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква во 1967, го добила сегашното име Преспанско-пелагониска епархија и ги опфаќа регионите на градовите: Битола, Ресен, Прилеп, Крушево и Демир Хисар.


Првиот митрополит на епархијата (1958 - 1979) бил блаженопочинатиот Климент. Вториот митрополит и сегашен администратор на епархијата, надлежен како архијереј од 1981 е Господин Петар. Во Преспанско-пелагониската епархија има околу 500 цркви и манастири. Во последните десетина години во епархијата се изградени или се градат околу 40 цркви и 140 црковни објекти. Епархијата има два црковни музеи - во соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола и во храмот „Св. Јован“ во Крушево, како и постојана изложба на икони и библиотеки во зградата на митрополијата. Митрополијата е изградена помеѓу 1901 и 1902 година и е еден од најубавите примери на необарокна архитектура. Покрај доминантната Македонска православна црква, во Битола постојат и други поголеми верски заедници како што се Исламската верска заедница, Римо-католичката црква и други.