Портал:Биографија/Одбрана статија/2007/септември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Bakuninfull.jpg

Михаил Александрович Бакунин (руски - Михаил Александрович Бакунин, Michel Bakunin - на гробот во Берн) (18 мај 181419 јуни 1876) познат револуционер и еден од „татковците“ на модерниот анархизам.

Во пролетта 1814, Михаил Александрович Бакунин е роден во аристократско семејство во селото Прјамухино (Прямухино) помеѓу Торжок и Кувшиново, во Тверска губернија, северозападно од Москва. На возраст од 14 години тој оди во Петроград, каде што се здобива со воена обука при Универзитетот за Артилерија. Ги завршува студиите во 1832 година, а во 1834-та бил назначен за помлад офицер во Руската Империјална Гарда и бил испратен во Минск и Гардинас во Литванија (денес Белорусија). Тоа лето, Бакунин се најде во семејна расправија, каде што ја зазема страната на сестра си, која се бунтува поради несреќниот брак. И покрај желбите на татка си да продолжи во воената или цивилната служба, Бакунин оди во Москва со надеж дека ќе студира философија.

Во Москва, Бакунин брзо се стекнува со пријатели кои се поранешни универзитетски студенти, и се ангажира во систематска студија за идеалистичката философија, групирана околу поетот Николај Станкевич,„храбриот пионер кој го отвори широкиот и плоден континент на германската метафизика кон руската мисла“. Философијата на Имануел Кант од почетокот зазема централно место во нивните студии, потоа следел Шелинг, Фихте и Хегел. Во есента 1835, Бакунин започна со формирање на философски кружок во неговиот роден град Прјамухино. Во 1836, Бакунин се враќа во Москва, каде што објавува преводи од Фихте како Some Lectures Concerning the Scholar's Vocation и The Way to a Blessed Life, која патем стана негова омилена книга. Со Станкевич тој исто така го чита Гете, Шилер, Жан Пол и Хофман.

Прочитајте повеќе...