Портал:Биографија/Одбрана статија/2007/ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стив Пол Џобс (роден на 24 Февруари, 1955) е соосновач и директор на Епл. Помеѓу 1986 и 2006 година, Стив Џобс бил директор на студиото за анимирани филмови, Пиксар. Откако Дизни го купи Пиксар во 2006 година, Стив Џобс е сега најголемиот акционер и е еден од членовите на акционерскиот одбор на Дизни.

Ликот и однесувањето на Џобс има придонесено кон создавањето на митот на невообичаени ексцентрици и стопанственици од Силициумската Долина. Тој се залага за промовирање на значењето на дизајнот и естетиката кога станува збор за создавање на производи. Неговиот елан за развивање на производи кои се функционални, но, истворемено и елегантни има придонесено за создавањето на култни следбеници на Стив Џобс.

Стив Џобс и соосновачот на Епл, Стив Возњак помогнале да се популаризира личниот сметач во крајот на 1970–тите. Во раните 1980–ти, Џобс бил меѓу првите кои го сфатиле потенцијалот на графичките оперативни системи кои биле контролирани со помош на сметачко глувче. Откако Џобс бил протеран од акционерскиот одбор на Епл во 1985 година, тој го основал Некст, компанија која развивала сметачки системи намените за образовните и бизнис пазари. Во 1997 година, Епл го купил Некст и Стив Џобс повторно бил назначен за директор на Епл во која функција се наоѓа и ден–денес.

Прочитајте повеќе...