Портал:Архитектура/Избрана статија/2010/април

Од Википедија — слободната енциклопедија

Џамијахрам во кој муслиманите се собираат и извршуваат општа молитва. Џамијата може да се сретне во различни форми, а најчесто е во форма на коцка покриена со една или повеќе куполи. На некој од периметарските ѕидови се наоѓа едно или повеќе минариња.

Низ историјата, обликот на џамиите и самата нејзина изработка се менувал, во зависност од културата, местоположбата или начинот на владеење на една империја, но секогаш основните елементи на џамијата биле зачувувани и претставувани.

По 7 век, џамиите најчесто биле градени во формата на четириаголник, со внатрешен двор, вклучувајќи едно до две минариња (кула, од која мујезинот ги повикува верниците на молитва). Единствената џамија која се состои од 6 минариња е Султан Ахмедовата џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција. Прочитајте повеќе