Портал:Архитектура/Избрана статија/2009

Од Википедија — слободната енциклопедија

Избрани статии во порталот:Архитектура се оние статии поврзани со архитектура кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на разговорната страница којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Розетен прозорец — кружен прозорец, вграден во црквите изградени во готски стилс, кој обично е поделен со шпросни или орнамент. Поимот „розетен прозорец“ не се употребувал пред 17. век, а според англискиот речникот Оксфорд, потекнува од англискиот збор rose, со значење роза.

Поимот „прозорец-тркало“, исто така се употребува, но најчесто за оние прозорци кои се поделени со едноставни пречки, кои се оковани и ротираат во средината на прозорецот, додека пак „розетниот прозорец“ се однесува на оние прозорци, кои имаат посложена градба и кои по својот изглед наликуваат на роза со многу ливчиња. Кружниот прозорец без орнамент, којшто е карактеристичен за многу цркви во Италија е позјнат како окуларен прозорец. Прочитајте повеќе


ноември
Дизајн на калсичен орнамент
Дизајн на калсичен орнамент

Орнамент — декорација која се употребува за да се украсат делови од градбата или објектот. Архитектонскиот орнамент може да претставува резба од камен, дрви, скапоцени метали, но може да биде и малтерисан или изработен од глина или вметнат на површината како применет орнамент. Поголема разлика меѓу декоративните стилови и уметничките мотиви во архитектурата и применетите уметности била направена со вклучувањето на грнчарството, изработката на мебел, како и механичката изработка. Во текстилот, хартијата, како и другите објекти, на кои декорацијата може да биде најзначаен елемент за нивниот изглед, повеќе се употребуваат поимите декорација или дизајн. Прочитајте повеќе


октомври

Старогрчка архитектураархитектонски стил кој се појавил во Стара Грција, истоивремено со развивањето на старогрчката култура, писмо, јазик и религија. Се појавила во 7 век п.н.е. а траела сè до 5 век п.н.е. на просториите на денешна Микена и како таква, претставува една од најцивилизираните архитектури во светот во тоа време.

Во старогрчката архитектура која се интензивно развивала во текот на 4 век п.н.е., значајно место зазимаат и грчките театри. Во почетокот, тие биле градени од дрво, а подоцна од камен. Во склопот на театарот се градиле и седишта за гледачите, каде во глобала театарот имал полукружна или кружна форма. Најзначајни театри од оваа ера се Театарот посветен на Дионис во Атина и театрот во Делфи. Прочитајте повеќе


септември

Шпанската ренесансна архитектура започнала со калемење ренесансната архитектура врз готските форми во последните декади од XV век.

Стилот го рашириле локалните архитекти со преземање на јужноиталијанската архитектура, понекогаш од илустрирани ракописи и слики, и со мешање на готскиот стил и локалните идиосинкратии. Новиот стил бил наречен Платерескен стил, заради екстремно украсените фасади, кои постеќале на декоративните мотиви на комплексно деталните дела на кујунџиите, наречени „платероси“. Класичните редови и канделабриските мотиви (а канделиери) слободно се мешале во симетрични целини. Прочитајте повеќе


август

Мансарда — стил на закривен покрив кој се одликува со два нагиба на секоја од четирите страни на покривот. Долниот нагиб е речиси вертикален, многу пострмен од горниот, додека горниот нагиб е невидлив од улицата и е закосен минимално, колку да може да ја одлева водата. Ваквиот покрив дава можност за максимална искористеност на поткровјето и се смета за практичен начин на додавање спрат на една зграда. Декоративниот потенцијал на мансардата често се искористува со конкавни или конвексни криви линии и богато украсени баџи.

Овој стил станал популарен во Франција со делото на архитектот Франсоа Мансар (15981666). Тој е изумителот на овој вид на покрив и затоа самниот го носи неговото име (toiture à la Mansarde) или само „мансарда“. Прочитајте повеќе


јули

Атриум — голем отворен простор, кој обично е висок неколку спрата и има застаклен покрив и/или големи прозорци. Атриумите ги наоѓаме во рамките на деловни згради директно поврзани со главниот влез.

Латинскиот збор atrium се однесувал на отворен централен (вантрешен) двор, околу кој се наоѓале соби, кај големата римска куќа наречена домус.

Латинскиот збор atrium се однесува на отворениот средиштен двор, кој водел до собите во староримската куќа, позната и како домус.

Имплувиумот бил плиток базен, длабок до дното за да ја апсорбира водата од дождот.Неколку примери, кои останале се убаво украсени. Отворот на таванот над базенот, бил еден вид заштита на кровот. Овој отвор, исто така претставува основа за разликувањето на петте различни стилови на атриум. Прочитајте повеќе


јуни

Староградска македонска архитектура — застапена во повеќе македонски градови, чии градби, главно потекнуваат од 19. век. Крушево и Кратово, доскроо беа комплетни урбанистички целини, како и стариот дел на Охрид. Како мали групации или изолирани елементи, куќи од 19 век се среќаваат и во Тетово, Дебар, Струга, Прилеп, Крива Паланка и Струмица. И во Скопје се останати неколку во стариот дел, но брзиот развој на македонскиот стопански и културен центар, заедно со земјотресот во 1963г., беа причина за нивно практично исчезнување.

Архитектонското наследство во 20 век, е изразено со терминот градска архитектура, го сочинуваат повеќе категории, од кои позначајни се: беговските живеалишта и, воопшто муслиманската куќа, манастирските конаци и христијанската градска куќа.

За разлика од европската палата, овие куќи се доста поскромни по големина, но секако со повеќе архитектонски достигнувања. Извонреден примерок, за жал уништен, претавувале конаците на Авзи-паша во село Бардовци крај Скопје. Прочитајте повеќе


мај

Кромидеста купола — облик на архитектонска купола, карактеристична за православвните цркви во Источна Европа. Овој облик на купола се појавува и во Германија, каде е познат под името Zwiebelturm и се појавува како дел од барокните градби. Некои куполи имаат поголем пречник од оној на кулата над која се поставуваат и нивната висина обично ја надвисува нивната ширина. Овие крушковидни, стеснети форми на куполи многу наликуваат на кромид, по кои и биле наречени.

Други важни видови на куполи во православната црква се шлеместите куполи, како оние на катедралата Света Софија во Новгород и успенската катедрала во Владимир. Во Украина, ваквите куполи се наречени крушести куполи, а највпечатлива е онаа на катедралата Света Софија во Киев. Во барокната архитектура се употребува поимот пупчеста купола, како онаа на црквата „Св. Андреја“ во Киев. Прочитајте повеќе


април

Архитектурата во Древен Египет претставува главен елемент на египетската цивилизација, која се смета за една од најзначајните цивилизации на стариот век, во продолжение на 3000 години. Самата египетска држава развила посебно државно уредување, религија, архитектура, писмо и уметност. Историјата на Древен Египет започнува некаде во 31 век п.н.е. а завршува во 30 година п.н.е. кога дефинитивно го губи својот независен енитет. Египетската архитектура се има главно на религиозен и погребален карактер.

Значајно за старите египќани е фактот што градежните материјали како каменот и тулата најмногу биле користени при изградба на споменици или гробници во пирамидите. За изградба, старите египќани ја користиле трска, дрво и нилското блато. Понекогаш, наместо трска била користена асура која ја добивале од Нил. Кровот на градбата обично бил рамен. Од каменот најмногу го користеле варовник|варовникот, а во поново време на египетското царствосе користело и прагови за блокирање на влезовите на пирамидите, за облога на ѕидовите или создавање на некои сакрофази. Прочитајте повеќе


март

Византиска архитектураархитектонски стил која настанала на територијата на Источното Римско Царство (во модетните текстови познато како Византија). Постепениот подем на уметничко и културно ниво настапил по 330 година, кога императорот Константин I Велики ја преместил престолнината на империјата од Рим во Византион, или подоцна попознат како Новиот Рим (или како што подоцна ќе се нарекува Константинопол, односно Истанбул). Империјата, која постоела повеќе од илјада години, драматично влијаела во создавањето и изградбата на средновековната архитектура во Европа. По падот на Константинопол во 1453 година, елементите на византиската архитектура во голема мера се задржиле и кај османлиската архитектура.

Раната византиска архитектура претставува продолжение на римската архитектура. Постепеното развивање на самата култура, создавањето на сопствени елементи во архитектурата, со влијание од Блискиот Исток, како и користењето на грчкиот крст во црковната архитектура доведува до сè поголемо развивање на византиската архитектура. Главен градежен материјал при изградбата на згради и некои други објекти било тула и камен. Прочитајте повеќе


февруари

Куќа на селоархитектонски израз кој во Британија и Ирска се однесува на голема куќа (дом) која е изградена на земјоделски посед на село како приватна резиденција на земјопоседникот. Речиси сите вакви куќи во Британија и Ирска биле изградени пред 1914.

Куќата на село некогаш била средиштето на земјоделскиот посед кој бил доволно голем за да му овозможи на сопственикот доволен приход за да може да влезе во аристократијата или благородништвото. Во 19-тиот век и пред тоа ова значело дека поседот треба да биде поголем од 1000 акри (4 км²). Некои великопоседници (но само малкумина) поседувале имот повеќе од сто пати поголем од овој минимум, и оваа нееднаквост во рамките на владеачката класа се отсликувала во опсегот на куќите. Прочитајте повеќе


јануари

Прицкерова награда за архитектуранаграда која се доделува секоја година од Фондацијата Хајат во признание за a „жив архитект чии изградени дела покажуваат спој од талент, визија и посветеност, чии дела даваат постојан и значаен придонес кон човештвото и изградената околина со својата архитектурата како уметност.“

Наградата ја вовел претприемачот Џеј Прицкер во 1979, а денес за неа е одговорно семејството Прицкер. Ова е водечката награда за архитектура во светот. Таа се доделува „без оглед на националност, расна припадност, вероисповед или идеологија.“ Прочитајте повеќе


Архива на избрани статии
2010
Архитектура на Истанбул · Стерлингова награда · Каријатида · Џамија · Романска архитектура · Урбанизам · Шанец · Мебел · Купола · Баухаус · Ротонда · Ренесансна архитектура
2009
Прицкерова награда · Куќа на село · Византиска архитектура · Староегипетска архитектура · Кромидеста купола · Староградска македонска архитектура · Атриум (архитектура) · Мансарда · Шпанска ренесансна архитектура · Старогрчка архитектура · Орнамент · Розетен прозорец
2008
Архитектонски поредок · Фахверк · Четири книги за архитектурата · Камин