Портал:Архитектура/Избрана биографија/2009/септември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Andre-Le-Nostre1.jpg

Андре Ле Нотр (француски: André Le Nôtre) (1613-1700) бил пејзажен архитект и градинар на Луј XIV од 1645 до 1700 год. Негово најзначајно дело е паркот на Версај. Неговите урбанистички дела се исто така од значење, како оние кај Тујлерискиот дворец каде ја проширил глетката западно, место кое подоцна станува булеварот Елисејски Полиња и ја сочинува т.н. Историска оска.

Ле Нотр проектирал и многу други градини и паркови, како оние кај Шантији, Фонтенблоскиот дворец, Рокониџи, Сен-Клуд, Сан-Жермен-ан-Лај и Св. Џемјсовиот парк. Исто така соработувал и со Луј Ле Во и Шарл Ле Брен на паркот на Во-ле-Виконт. Татко му на Андре Ле Нотр, Жан Ле Нотр бил градинар на Луј XIII. Прочитајте повеќе