Портал:Античка Македонија/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Македонската војска се смета за една од највеличенствените воени сили на античкиот свет. Нивната беспрекорност најпрвин ја покажале под водство на кралот Филип II Македонски, а потоа и под водство на неговиот син Александар III Македонски.

Воените иновации во оружјата и тактиките осмислени од кралот Филип II биле главните фактори за величината и успесите на македонската империја. Војувањето Филип го претворил во начин на живот за многу македонци, кои дотогаш ја гледале војската како хонорарна работа која се работи вон земјоделската сезона. Со тоа што службувањето во војската го направил да биде вистинска работа со полно работно време, Филип можел редовно да ги вежба војниците, градејќи единство и кохезија. Ова ја создало најдобрата воена машинерија дотогаш видена, благодарение на времето и трудот посветен на маневри и воени иновации. Прочитајте повеќе