Портал:Англија/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Англија (англ. England) е земја во северозападна Европа, најголемата по површина и број на жители составна територија на Обединетото Кралство, со повеќе од 83% од вкупното население во државата. Ги зазема речиси целите јужни две-третини на островот Велика Британија, а копнено се граничи со Шкотска на север и Велс на запад.

Англија нема формална влада и устав од времето на Унитарниот Акт од 1707, со кој Кралството Англија и Кралството Шкотска се обединиле, и го формирале Кралството Велика Британија.

Главен град е Лондон. Истиот е главен град и на сето Обединето Кралство. Знамето на Англија е крстот на Св. Ѓорѓија, кој е исто така светец-патрон на земјата, а Ѓурѓовден, кој паѓа на 23 април е традиционално национален ден на Англија.

Англичаните имаат дадено значајни придонеси кон светската уметност и наука.