Портал:Азија/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Азија е централен и источен дел од суперконтинентот Евроазија, дефиниран со исклучувањето на европскиот полуостров од Евроазија. Геолошки и географски, Азија не е ниту континент ниту потконтинент. Азија, сепак, обично се смета за најголемиот континент на светот по површина и број на население (преку 4 милијарди жители или 60 % од светското население).