Портал:Аврил Лавињ/Intro

Од Википедија — слободната енциклопедија

Аврил Рамона Лавињ (анг. Avril Ramona Lavigne; родена на 27 септември 1984) е канадска пејачка, текстописец, актерка, моден творец и филантроп. Родена е во Белвил, Онтарио, но го поминала детството во Напани. Кога имала 15 години за првпат се појавила на сцена со Шанаја Твејн, а на 16 години потпишала договор за издавање на два албуми со издавачката куќа „Arista“ (сега RCA Records) вреден повеќе од 2 милиони долари. Кога имала 17 години, Лавињ навлегла во музичката сцена, со својот прв албум Let Go, издаден во 2002 година.

Let Go ја направил Лавињ најмладата солистка која се искачила на #1 во Обединетото Кралство, и албумот четири пати добил платинска сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација од Америка. До 2009 од овој албум биле продадени преку 16 милиони копии ширум светот. Нејзиниот сингл, „Complicated“, се искачил на #1 во многу земји ширум светот, исто како и албумот Let Go. Нејзиниот втор албум, Under My Skin, е издаден ви 2004 и е нејзиниот прв албум кој се искачил на #1 во САД. Билборд 200, евентуално продал повеќе од 10 милиони копии ширум светот. The Best Damn Thing, третиот албум на Лавињ, е издаден во 2007, станувајќи нејзиниот трет албум кој се искачил како #1 албум на ОК Албум Табели и вклучувајќи го нејзиниот прв САД Билборд Хот 100 #1 сингл, „Girlfriend“. Лавињ има пет синглови ширум светот кои се искачиле на првото место, вклучувајќи ги и „Complicated“, „Sk8er Boi“, „I'm With You“, „My Happy Ending“ и „Girlfriend“. Со повеќе од 30 милиони продадени копии од нејзините албуми ширум светот, Лавињ е моментално една од топ-продавачките артисти кои издавале албуми во САД, со повеќе од 10.25 милиони копии со сертификација од RIAA. Нејзиниот четврт студиски албум, Goodbye Lullaby, е издаден на 8 март 2011.

Освен со снимањето на музика, таа исто така, и глуми во филмови, дизајнира алишта и парфеми. Таа го позајмила гласот за карактер за анимираниот филм, Over the Hedge, во 2006. Истата година за прв пат, во живо, се појавила во филмот Fast Food Nation. Во 2008, Лавињ ја прикажала нејзината линија на облекa, Abbey Dawn, а во 2009 го издала својот прв парфем Black Star, по кој следел нејзиниот втор парфем, Forbidden Rose, во 2010. Во јули, 2006 година, Лавињ се омажила со својот дечко со кој била во врска две години, Дерик Вабли, главниот пејач и гитарист на Sum 41. Бракот траел три години, а потоа во октомври, 2009 година, тие двајца се развеле. Вабли и Лавињ продолжиле да работат заеднo на нејзиниот четврти албум, а исто така и на синглот на Лавињ, „Alice“, напишана за филмот на Тим Бартон, Алиса во Земјата на Чудата.