Портал:Јазик/Избран јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Самоанскиот јазик (Gagana fa'a Sāmoa) е полинезиски јазик кој е официјален јазик во Самоа и Американска Самоа во Океанија. Тој е прв, мајчин, јазик на најголем број од жителите во двата ентитета или на околу 246,000 жители. Самоанскиот јазик е познат во лингвистиката по фонолошката разлика меѓу формален, неформален говор и церемонијален говор.Самоанскиот јазик е дел од самоанската група на австронезиски јазици. Јазикот е сроден со останатите полинезиски јазици, со кои споделува големи сличности во поглед на зборовниот фонд.

Јазичарите немаат целосна согласност при класификацијата на јазикот во однос на останатите полинезиски јазици.„Традиционалната класификација“ која се базира на граматиката и зборовниот фонд го сместува самоанскиот со токелајскиот и источнополинезиските јазици, кои ги вклучува рапануи, маорски, тахитски и хавајски јазик. Според оваа анализа, две главни групи на полинезиските јазици се јадрените полинезиски јазици и тонганските јазици. Анализата на Базата на основниот зборовен фонд на австронезиските јазици од 2008 е контрадикторна во тоа што вели дека тонганскиот и самоанскиот сочинуваат подгрупа, но старите подгрупи тонгански и јадрени полинезиски се повторно присутни. Сите полинезиски јазици споделуваат големи сличности, особено во зборовниот фонд. Кај скоро сите јазици самогласките се стабилни, односно се составени од a, e, i, o и u. (Дознајте повеќе...)