Порој (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 00:43, 10 декември 2021; направена од 185.204.56.65 (разговор) (→‎Историја: Removed a taken out of context sentence. A common misconception was written here, implying that all non-muslim people who lived here must have been Macedonians, which is far away from truth.)
Порој

Улица во Порој

Порој во рамките на Македонија
Порој
Местоположба на Порој во Македонија
Порој на карта

Карта

Координати 42°01′50″N 20°59′33″E / 42.03056° СГШ; 20.99250° ИГД / 42.03056; 20.99250Координати: 42°01′50″N 20°59′33″E / 42.03056° СГШ; 20.99250° ИГД / 42.03056; 20.99250
Општина Општина Тетово
Население 2899 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 28059, 28559
Надм. вис. 457 м
Порој на општинската карта

Атарот на Порој во рамките на општината
Порој на Ризницата

Порој — село во Општина Тетово, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 4 километри северно од Тетово.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 110 семејства, 5 неженети и 7 вдовици, сите христијани.[2]

Според турски документи од 1626-1627 година селото се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 20 немуслимански семејства.

Во XIX век Порој веќе било наполно албанско село во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Порој живееле 440 жители, сите Албанци.[3]

Според Атанасиј Селишчев, во 1929 година Порој е центар на Општина Џепчиште со 4 села, 105 куќи и 630 жители Албанци.[4]

Демографија

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Порој живееле 440 жители, сите Албанци.[3]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година селото било дел од Џепчишка општина со 105 куќи и 630 жители, сите Албанци.[4]

Порој е село со незначителни промени во бројот на население. Така, во 1961 година имало 1.527 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 2.443 жители, албанско население.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.899 жители, од кои 2.894 Албанци, 2 Македонци и 3 останати. Следува табела на националната структура на населението[5]

Националност Вкупно
Македонци 2
Албанци 2.894
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 3

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[6]

Година 1900 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 440[3] 630[4] 1.131 1.269 1.527 1.998 2.370 2.443 2.899

Родови:

Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Колаји. Нивните предци се доселени од областа Фанде (северна Албанија) во втората половина на XVIII век.[7]

Порој е албанско село.

Според истражувањата од 1946 година, родови во селото:

  • Гопере (14 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Доселени се пред околу 270 години. Имаат роднини во селото Теарце. куќите им се во горно маало.
  • Чарлије (43 к.) доселени се од некое место Чар во северна Албанија. Можеби се однесува на селото Чаја во Љума. Куќите им се во горно маало. Го знаат следното родословие: Авзи (жив во 1946 година) - Сулејман - Имер - Куртиш - Ајваз, основачот на родот, кој се доселил.
  • Џивга (21 к.) доселени се од некое место во областа Мат во северна Албанија. Куќите им се во долно маало.
  • Микеле (12 к.) доселени се од северна Албанија. Жителите на овој род имаат потемна боја на кожата, и затоа другите жители на селото ги нарекуваат Цигани. Куќите им се во долно маало. Имаат роднини во скопското село Глумово.
  • Синане (21 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Куќите им се во долно маало.
  • Курте (15 к.) доселени се од некое место во областа Мат во северна Албанија. Куќите им се во долно маало.
  • Зочва (9 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Куќите им се во долно маало.
  • Чарлије (7 к.) куќите им се во горно маало. Некогаш чинеле еден род со другите Чарлије во селото.[8]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2000, 2000/1, 2001 и 2002 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.098 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Старото православно-македонско население од ова село се има иселено одамна. Сега се знае за следните иселени православни родови од селото. Дамјаноски се иселени во селото Жилче. Шурновци или Поројчани се иселени во селото Отуње. Трпчевци живееле во Отуње, таму биле доселени од Порој, потоа некои изумреле, а други се преселиле во Скопје. Пројчеви се иселиле во селото Готовуша кај Сириниќ, близу Призрен во Косово.[8]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.353
  3. 3,0 3,1 3,2 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.210.
  4. 4,0 4,1 4,2 Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
  5. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  6. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  7. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 9 стр.
  8. 8,0 8,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски