Поп дива (книга)
Изглед
„Поп дива“ (англиски: Pop diva) е роман за деца на англиската писателка Синди Џефрис од 2007 година. Романот е дел од серијалот „Училиште за славни“ (како шеста книга), објавен на македонски јазик во 2012 година, во издание на издавачката куќа „Детска радост“ од Скопје, како дел од библиотеката „Тин“.
Содржина
[уреди | уреди извор]Романот се состои од следниве поглавја:[1]
- Ново полугодие
- Вечерата
- Плановите на Поп
- Час
- Задевајќи ја Поп
- Мал застој
- Добра идеја
- Кошмарот на снимањето
- Тага
- Лекцијата е научена
- Работа
Технички податоци
[уреди | уреди извор]Книгата има 84 страници, со големина од 20 сантиметри и мек повез. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-228-112-4. Преводот го извршила Славица Арсова, дизајнот и графичко-ликовното уредување го извршил Жарко Туниќ, а лектурата е дело на Лорета Шкиљевиќ. Книгата е отпечатена во печатницата „Напредок“ од Тетово.[2]