Попознат како Мојсеј Рокфелер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Попознат како Мојсеј Рокфелер е расказ од Емори Холмс II, објавен во збирката „Кокаински хроники“, во 2010 година, во издание на „Темплум“. Преводот на македонски јазик е дело на Владимир Петревски.

Содржина[уреди | уреди извор]

Томи е поранешен продавач на дрога, кој е вмешан во едно убиство. Неколку часови пред убиството, Томи ја фрла својата залиха на дрога, почнува да ја чита Библијата и решава да го отфрли својот гангстерски живот. Кога полицијата го приведува за убиството, жена му Би му купува нови кошули со цел пред полицајците да се покаже во подобро светло. Откако за последен пат шмрка кокаин, Томи оди во полициската станица на испрашување. Притоа, тој е решен да каже дека не знае ништо во врска со убиството. За време на испрашувањето, полицајците ги кажуваат сите негови имиња и прекари, меѓу кои и Мојсеј, а Томи протестира, бидејќи воопшто не му се допаѓа тој прекар. Отпрвин, Томи се држи до својот план да одрекува сè во врска со убиството, но подоцна започнува да се плаши од помислата дека ќе оди в затвор и го преплавуваат сеќавањата за добрите стари денови, кога се вклучил во трговијата со дрога. Така дебелиот Томи започнува да се поти и да плаче и најпосле, уморен од притисокот на полицајците, тој ги кажува убијците.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Емори Холмс II, „Попознат како Мојсеј Рокфелер“, во: Гери Филипс и Џери Tервалон (уредници), Кокаински хроники, Темплум, Скопје, 2010, стр. 113-141.