Попобава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Попобава
Видурбана легенда
Подвидформоменувачи шејтан
Слични суштестваинкуб
Првпат забележаноПемба (1965)
Последно забележаноДар ес Салам (2007)[1]
Други имињаЛилјак со крилја
ЗемјаЗанзибар, Танзанија

Попобава (свахили: Popobawa), исто така познат како Попо Бава, е назив за зол дух за кој се верува дека живее на острвовот Пемба во Танзанија. Во 1995 година тој бил фокусот за избивање на голема масовна хистерија и паника која се ширела од островот Пемба до островот Унгуја во Занзибар.[2]

Опис[уреди | уреди извор]

Попобава се опишува на различни начини. Некои го опишуваат како лилјак. Може да се преобрази во човек или во било кое друго животно. Попобава ги посетува огништата преку ноќ, но исто така се појавува и преку ден. Некои тврдат дека во негово присуство се чувствува силен мирис на сулфур. Неговите напади преку ноќ можат да содржат физички напад, или напад на полтергајст. Жртвите честопати зборуваат на други дека биле нападнати, а затоа се повторно нападнати од Попобава ако го направат тоа. Многумина се обидуваат да се заштитат од напад така што ја поминуваат ноќта будни надвор од своите куќи. Најмногу напади се случиле во Занзибар и на островот Пемба.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Sex attacks blamed on bat demon“. BBC News. 2007-02-21. Посетено на 2010-04-29.
  2. "The Shetani Of Zanzibar", Gemma Pitcher, in Zanzibar: The Bradt Travel Guide, Sixth Edition
  3. The Demon Hunter's Compendium: The Popobawa

Литература[уреди | уреди извор]