Попис на населението во Македонија во 1971 година – попис извршен во склоп на општиот пописот на населението во СФРЈ, кој го спровел тогашниот Државен статистички уред на Сојузната планска комисија.
Писменост на населението во Македонија (Попис 1971)
Писмени (82%)
Неписмени (18%)
Од вкупно 1.288.223 жители на возраст од 10 и повеќе години неписмени биле 232.986 жители, односно 18% од населението. Стапката на неписменост била поголема кај возрасната популација, при што повеќе од половината од населението над 65 години било неписмено. Неписменоста кај машкото население изнесувала 11,1%, додека кај женското население таа достигнувала 25,1%.