Попинолачки Водопад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Попинолачки Водопад
Попинолъшки водопад
Popinolashki waterfall, Bulgaria.jpg
Попинолачкиот Водопад
МестоПопина Лака, Пирин
Надм. вис.1.230 м
Вкуп. висина15 м
РекаБашлиица

Попинолачки Водопад (бугарски: Попинолъшки водопад) — водопад во северниот дел на планината Пирин, Пиринска Македонија. Се наоѓа во месноста Попина Лака, 18 км од градот Свети Врач (Сандански), на надморска височина од 1.230 м. Сместен е по течението на реката Башлиица, на стотина метри над нејзиниот влив во реката Срчалиица, кои заедно ја образуваат Светиврачка Бистрица. Висок е 15 м (според други податоци — 12 м) и се одликува со полноводност преку целата година. На 11 октомври 1965 година е прогласен за споменик на природата под називот „Водопад на реката Светиврачка Бистрица“ (Водопада на река Санданска Бистрица).

Најблиско населено место е с. Лиљаново, а до планинарскиот дом „Јане Сандански“ се стасува за 5–6 минути.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°40′24″ N; 23°23′37″ E / 41.6733° СГШ; 23.3936° ИГД / 41.6733; 23.3936