Прејди на содржината

Попеја Сабина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Попеја Сабина
На престол62 – п.н.е. 65
Роден(а)30 п.н.е.
Помпеја
Починал(а)Рим
Статуа на Попеја Сабина во археолошкиот музеј во Олимпија, Грција

Попеја Сабина, позната и како Попеја Сабина Помладата, а после 63 години како Попеја Сабина Август, била римска царица, односно сопруга на царот Нерон. Античките извори ја опишуваат како жена која красела невидена убавина, но во бескрупулозност благодаренеие на кој не зимала од никој за да дојде на власт.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Повеќето од денешните историчари веруваат дека се родила во Помпеја, односно дека нејзиното семејство најверојатно било сопственик на Куќата Менандра. Таткото се викал Тит Олиј (? - 31), квестор во времето на царот Тибериј кој паднал во немилост заради пријателството со Сејанa. Мајката, денес позната како Попеја Сабина Постарата (? - 47) била погубена заради сплетки со царицата Месалина која лажно ја наклеветила за прељуба со бившиот конзул Валериј Азијатик. Такит тврди дека нејзината мајка била „преубава“ и „дарежлива“. Нејзиниот очув, Публиј Корнелиј Сципион Лентул, бил бивш конзул, а на почетокот на владеењето на Нерон бил сенатор.

Попеја првпат се омажила како четиринаесетгодишно девејче. Маж ѝ бил Руфриј Криспин, командант на Претројанската гарда во првите години во владеењето на царот Клавдиј. Во 51 година на барање од Агрипина бил сменет и на негово место бил поставен Секст Афраниј Бур. Со Руфриј, Попеја имала син, исто така наречен Руфриј, кој се удавил како дете. Мажот подоцна бил погубен за време на владеењето на Нерон.

Другиот маж на Попеја бил Марко Славија Отон, добар Неронов пријател. Околу годината 58 или 59 во неа се загледал Нерон па наредил Отон да оди во Лазитанија како гувернер. Попеја после се равела од Отон и станала љубовница на Нерон.

Такит тврди дека запрво Попеја била главен поттикнувач да ја ликвидира својата мајка Агрипина, кон која современите историчари се скептични, сметајќи дека поводот на делото била самата царица-мајка да је управо Попеја била главни подстрекач да ликвидира своју мајку Агрипину, а према чему су модерни историчари скептични, и планирање на државен удар и доведување на Пубелиј Плавт на престолот. Три години подоцна, спрема наводите на Такит, запрво Попеја го наговорила Нерон да се разведе од својата сопруга Клаудија Октавија, па да ја прогоне и погуби. Кога тоа се случило во 62 година, Попеја веќе била трудна. Нерон Се венчал со неа, па на 21 јануари 63 година се родила ќерка по име Клаудија Август, но која починала четири месеци подоцна.