Прејди на содржината

Пон вје (Алби)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пон вје
Pont Vieux, Albi
Поглед на Алби: напред Пон вје со Тарн; во заднината историското средиште на Алби и катедралата Св. Сесилија.
Координати43°55′52″N 2°08′40″E / 43.93111°N 2.14444°E / 43.93111; 2.14444
Носипатен
ПреминуваТарн
МестоАлби, Франција
Особености
Видлачен мост
Материјалкамен, тула
Вкуп. должина150 м
Распони9
Историја
Градителмештаните
Почнат1035
Отворен1042
Тип:Културно
Критериуми:iv, v
Прогласено:2010
Број
Држава: Франција,  Шпанија
Регија:Европа
Заседание:34.
Службен назив: Pont Vieux, Albi
Прогласено:1921
БројPA00095481
Местоположба
Карта

Понт вје (Стар мост) — мост долг 150 метри над реката Тарн во Алби, во департманот Тарн, Франција. Се наоѓа во подрачјето на епископскиот град Алби, кој бил наведен во светското наследство на УНЕСКО во 2010 година.

Во 2010 година, бил запишан на списокот на светско наследство на УНЕСКО, заедно со катедралата Света Сесилија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Тарнскиот мост, како што првично се викал, бил изграден помеѓу 1035 и 1042 година. Најстарите делови што се видливи денес потекнуваат од 13 век. Првично, бил премногу тесен за да овозможи минување на коли. Стоката се пренесувала на грбот на животните или на самите луѓе.[1]

Во 13 век (веројатно помеѓу 1230 и 1240 година), мостот бил реконструиран. Потоа била поставена мостарина на влезот на мостот, иако е потврдено дека мостарина се наплаќала уште во 1193 година. Само стоките биле оданочувани, како што е споменато во Албижанскиот натпис од 1245 година. Сепак, указот предвидувал дека Евреите, живи или мртви, морале да го платат данокот. За да се издадат права што првично биле резервирани за виконтите, а потоа и за албижанските епископи, подоцна бил воведен картуларот (chartularium - ракопис или свиток (rotulus) што содржи копии од изворни документи што се однесуваат на основањето, привилегиите и законските црковни права на установите, општинските и индустриските здруженија, образовните установи или дружини), првпат понуден во 1269 година[2] на албижанските конзули.

Мостот придонел за развојот на градот и трговијата. Собраните пари биле користени за одржување на мостот, како и на градските ѕидини.

Во средниот век, имал утврдена кула, капела и мост на подигање за пристап до мостот.

Во 15 век, на столбовите на мостот биле изградени куќи за да се направи структурата поцврста. Затоа, Пон вје потсетувал на Понте Векио во Фиренца. Овие куќи биле отстранети по поплавата од 1766 година.

Во 1820 година патот бил зарамнет и проширен за да се овозможи минување на коли на четири тркала. Последните два лака на левиот брег биле продолжени, додека другите тулени лакови се потпирале на постојните отвори и им биле додадени конзолни лакови. Оградите на мостот исто така биле променети. Камениот мост бил покриен со тули.

Мостот бил прогласен за историски споменик на 16 март 1921 година.

Поглед на мостот преку реката Тарн, со мала брана и пристаниште; во заднина катедралата и историското средиште на Алби
  1. „arhivska kopija“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-29. Посетено на 2020-02-01.
  2. „arhivska kopija“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-29. Посетено на 2020-02-01.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]