Пондохори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пондохори
Ποντοχώρι
Црквата „Св. Димитрија“ меѓу Пондохори и Вехти Пазар
Црквата „Св. Димитрија“ меѓу Пондохори и Вехти Пазар
Пондохори is located in Грција
Пондохори
Пондохори
Местоположба во областа
Пондохори is located in Постол (општина)
Пондохори
Местоположба на Пондохори во Постолскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°48.4′N 22°21.8′E / 40.8067° СГШ; 22.3633° ИГД / 40.8067; 22.3633Координати: 40°48.4′N 22°21.8′E / 40.8067° СГШ; 22.3633° ИГД / 40.8067; 22.3633
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаПостол
Општ. единицаКир
Надм. вис.&1000000000000002500000025 м
Население
 • Вкупно48
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Пондохори (грчки: Ποντοχώρι; книжевно: Ποντοχώριον, Пондохорион) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 48 жители (2011).

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Солунското Поле, 10 км западно од градот Пазар (Ениџе Вардар). Денес ова е физички најмалото село во целиот Постолски округ.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е основано од Понтски Грци доведени како бегалци од Турција. Името во превод значи „понтско село“. Во минатото во селото работело училиште кое денес е затворено поради малото население и незначителниот број на деца.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Во ова селце куќите се распоредени околу сретселото, на кое се наоѓа споменик на капетанот Х. Карипидес. Крај селото, меѓу него и Вехти Пазар е црквата „Св. Димитрија“, каде има и селски гробишта. Во атарот има и стари англиски гробишта.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]