Поморски споменик Лабо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поморски споменик Лабо
Marine-Ehrenmal Laboe
Лабо, Германија

Поглед на споменикот, посветен на загинатите морнари од двете светски војни
Поморски споменик Лабо во рамките на Германија Шлезвиг-Холштајн
Координати 54°24′43.87″N 10°13′50.87″E / 54.4121861° СГШ; 10.2307972° ИГД / 54.4121861; 10.2307972
Изграден 1927 (1927)–1936
Изградил Густав Август Мунцер
Висина 72 м

Поморски споменик Лабо (понекогаш Кула Лабо) — споменик сместен во Лабо, близу Кил, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Започнат со градба во 1927 година и завршен во 1936 година, споменикот првично бил посветен на германските морнари од Првата светска војна, додека загинатите морнари од Втората светска војна биле додадени по 1945 година. Во 1954 година бил повторно изменет во чест на сите морнари од сите земји кои загинале во текот на двете светски војни.

Споменикот се состои од 72 метри висока кула на која се наоѓа платформа за набљудување. Платформата се наоѓа на 85 метри над морето. Сала за сеќавање и германската подморница У995 од Втората светска војна, која претставува технички музеј, се наоѓаат во подножјето на споменикот, а местото е омилено туристичко место. У995 е единствената преостаната подморница од нејзиниот вид.

Кулата била проектирана од архитектот Густав Август Мунцер,[1] кој изјавил дека обликот не претставува ништо одредено, туку тој треба да поттикнува позитивни чувства во оние што го гледаат. Често е поврзуван со труп на викиншки брод.

Споменикот на италијанските морнари во Бриндизи, Италија (започнат во 1932 година, завршен во 1933 г.) — сличен со кулата Лабо. Споменикот е отворен секој ден од 9:30 до 18:00 часот.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Munzer, Prof. Gustav August (1887–1973), Architekt und Schöpfer des Marine-Ehrenmals in Laboe“. Архивирано од изворникот на 2011-11-23. Посетено на 2014-10-08. (германски)
  2. „Naval Memorial in Laboe“. Архивирано од изворникот 16 April 2023. Посетено на 2023-04-16.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 54°24′43.87″N 10°13′50.87″E / 54.4121861° СГШ; 10.2307972° ИГД / 54.4121861; 10.2307972