Поморски Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Поморски Зал. is located in Мекленбург-Западна Померанија
Поморски Зал.
Местоположба на Поморскиот Залив во Мекленбург-Западна Померанија, Германија
Устието на Швина во Балтичкото Море во Швиноујшќе, Полска.

Поморски Залив (полски: Zatoka Pomorska; германски: Pommersche Bucht; кашупски: Pòmòrskô Hôwinga) — залив во југозападниот дел на Балтичкото Море, на бреговите на Полска и Германија.

На југ е одделен од Шчеќинскиот Залив со устието на реката Одра со островите Узедом/Узнам и Волин, поврзан со три премини или ракави на Одра: Ѓивна, Швина и Пене. Северна граница е линијата од ’ртот Аркона на германскиот остров Риген со светилникот Госки на исток од Колобжег во Полска.

Максимална длабочина е 20 метри, а соленоста е околу 8 ‰. Поморскиот Залив е пресечен од подлабок канал од пристаништето во Шчеќин, преку реката Одра, Шчеќинскиот Залив и Швина, со цел да им се овозможи да влезат и поголеми бродови во пристаништата во Швиноујшќе и Шчеќин.

Пристанишни места[уреди | уреди извор]

Најважни пристанишни места во заливот се следниве:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 54°04′01″ СГШ; 14°04′59″ ИГД / 54.067° СГШ; 14.083° ИГД / 54.067; 14.083