Пол Нерс
Сер Пол М. Нeрс (25 јануари 1949 , Норвич, Англија) — британски биохемичар, добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 2001 година заедно со Лиланд Х. Хартвел и Тим Хант за нивните откритија на протеински молекули кои ја контролираат делбата на клетките во клеточниот циклус.
Животопис
[уреди | уреди извор]Родителите на Нурс биле од Норфолк. Тој пораснал во Вембли, северозападен Лондон, и посетувал граматичко училиште во округот Хароу. Дипломирал во 1970 година на Бирмингемскиот универзитет, а докторирал во 1973 година на Источноанглискиот универзитет.
Научна кариера
[уреди | уреди извор]Во 1976 година, Пол Нерс го идентификувал генот cdc2 кај квасците (Schizosaccharomyces pombe). Овој ген ја контролира прогресијата на клеточниот циклус од G1 фазата во S фазата и преминот од G2 фазата во митоза. Во 1987 година, Пол Нерс го идентификувал соодветниот ген кај луѓето, cdk1.
Во 1984 година, тој се приклучил на Imperial Cancer Research Fund (ICRF). Во 1988 година, ја напуштил катедрата по микробиологија на Оксфордскиот универзитет. Се вратил во ICRF како директор за истражување во 1993 година и бил назначен за извршен директор во 1996 година. ICRF станал Cancer Research UK во 2002 година. Во 2003 година, бил назначен за претседател на Универзитетот Рокфелер во Њујорк, каде што ја продолжил својата работа на клеточниот циклус кај квасецот.
Признанија и награди
[уреди | уреди извор]- Избран за член на Кралското друштво (1989)
- Награда за медицина „Луј-Жанте“ (1992) доделена од Фондацијата Луј-Жанте[4].
- Кралски медал, доделен од Кралското друштво (1995)
- Награда „Алберт Ласкер“ за основни медицински истражувања (1998)
- Витез-бакалауреат (1999)
- Нобелова награда за физиологија или медицина (2001)
- Избран за странски член на Националната академија на науките на Соединетите Американски Држави
- Витез на Легијата на честа (2002)
- Коплиев медал (2005)
- Избран за почесен член на Американската академија на уметностите и науките (2006)
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Nurse, Paul (2004) The Great Ideas Of Biology: The Romanes Lecture For 2003. Oxford University Press. ISBN 0-19-951897-1
- What Is Life?: Five Great Ideas in Biology (2021), W. W. Norton & Company[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 ,. Who's Who. 2014 (online Oxford University Press. изд.). A & C Black, an imprint of Bloomsbury Publishing plc.
- ↑ Woollard, Alison (1995). Cell cycle control in fission yeast. bodleian.ox.ac.uk (DPhil thesis). University of Oxford. OCLC 43404640. Предлошка:EThOS.[мртва врска]
- ↑ „Professor Paul NURSE“. Fondation Louis-Jeantet. October 2017. Посетено на 13 October 2021.[мртва врска]
- ↑ admin (2017-10-01). „Professeur Paul NURSE | Jeantet“ (француски). Посетено на 2022-01-13.[мртва врска]
- ↑ Nurse, Paul (2 February 2021). What Is Life?. National Geographic Books. ISBN 978-0393541151.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Пол Нерс на Ризницата ?- Nobel Prize - Current Faculty and Emeriti
| ||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||
- Родени во 1949 година
- Луѓе од Норвич
- Витези на Легијата на честа
- Витези-бакалауреати
- Членови на Британската академија
- Членови на Европската академија на науките и уметностите
- Членови на Американската академија на уметностите и науките
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Членови на Унгарската академија на науките
- Членови на Кралското друштво
- Носители на Кралскиот медал
- Британски нобеловци
- Добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина
- Носители на Коплиевиот медал
- Професори на Оксфордскиот универзитет