Полска школа за плакати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жена лепи плакати во Варшава 1971
Печат Полска Пошта дизајн на Јан Леника наменето за 2-то биенале на Плакат (1968).

Полската школа за плакати е специфично уметничко движење кое започнало од 1950-тите до осумдесеттите години на минатиот век, Полската школа за постери е карактеристично, оригинално и истакнато ликовно творештво особено во доменот на дизајнот на уметничкиот плакат[1].

Главните одлики во стилот и обликувањето на полскиот плакат се: естетиката во изведбата на сликарските елементи, едноставноста и јасноста во пораката најчесто изразена преку метафора. Во полскиот уметнички плакат уште можат да се следат истакнати и специфични елементи на ликовен и сликарски гест, јасна и чиста линија, живописни бои и колорит и особено авторска индивидуалност на секој автор. Исто така, еден од главните ликовни белези во полскиот плакат се и фантазијата. На овој начин полскиот плакат успеал да создаде совршена хармонија помеѓу дизајнот и уметничката творечка оригиналност[2] .

Плакатите на на полската извршиле значително влијаеле врз меѓународниот развој на графички дизајн во уметноста на плакатот. Главните одлики со кои полската школа за плакат, се истакнала во светски рамки биле: оригиналноста, индивидуалноста, творечкото авторство, специфичен колорит, типографија најчесто изведена со рачно испишани слова како и јасната концизна симболика и метафора со што постигнуваат визуелна впечатливост и доминантност[3].

Покрај естетските вредности, полскиот плакат ја содржи емоционалната, чувствителна вложеност на авторот поврзана со темата - најчесто во театарскиот плакат. Ова создава плакати кои не се само објективна презентација туку директна чувствителна вклученост на авторот во толкувањето на основната информација на плакатот[4].

Полскиот и јапонскиот плакат од втората половина на дваесеттиот век се најзначајните и најистакнатите творечки движења во областа на плакатот во светот[5].

Автори[уреди | уреди извор]

Историски збирки[уреди | уреди извор]

Најголемата и најкомплетната приватна колекција на полскиот плакат, која датира од 1909 е колекцијата на постери Розенберг (rosenbergcollection.com). Во оваа колекција можат да се следат полските плакати низ нивната стогодишна историја - преку кои можат да се следат сите сегменти на полското општество во најразличните околности на неговата егзистенција[6].

Најголемата државна колекција на полските плакати е Музејот на плакати Виланов во Виланов . Тој е најстариот музеј на плакати во светот, основан 1968 година, сместен во комплексот Виланов Палас во Варшава[7].

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Јачек Мровцик: VeryGraphic. Полски дизајнери од 20- тиот век, Култура ПЛ (Февруари 23, 2016)
  • Колективна работа: Полската школа за плакати во годините 1956–1965. Варшава: Музеј на Плакатите Виланов, Национален музеј во Варшава, 1988 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Posters and biographies of featured artists“. Архивирано од изворникот на 2018-03-18. Посетено на 2020-03-30.
  2. Polish Poster School
  3. Polish posters
  4. The imaginative and fantastical works
  5. „The Polish poster school“. Архивирано од изворникот на 2020-08-07. Посетено на 2020-03-30.
  6. Our Gallery in
  7. The Legacy

Надворешни врски[уреди | уреди извор]