Прејди на содржината

Полова возбуда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Полова возбуда кај машко

Полова возбуда или сексуална возбуда — тоа е кога телото реагира на сексуални дразби кај луѓето или животните. Тоа е првата етапа во циклусот на човечкиот полов одговор. Кај луѓето, тоа обично се случува пред полова дејност како полов однос или мастурбација. Може да се активира со гледање или читање еротски материјали, разговор за полови теми, допирање чувствителни области (ерогени зони), спомени или заемодејство со други луѓе.[1]

Еротски дразби

[уреди | уреди извор]

Половата возбуда може да биде поттикната од различни физички или умствени чинители. Човек може да биде возбуден од некој друг, одредени одлики на тој човек или дури и нечовечки предмети. Допирањето на чувствителните области (ерогени зони) или вклучувањето во љубовна игра може да доведе до возбуда, особено кога се очекува сексуална активност. Романтичните средини, музиката или другите смирувачки средини исто така можат да помогнат. Возбудата може да дојде од порно или друга полова содржина. Што предизвикува возбуда и колку е силна може да разнообразува од личност до личност и да се менува со текот на времето.[2]

Физиолошки и психолошки одговори

[уреди | уреди извор]
Кај мажите: Кај жените:
Машка полова возбуда. Налево, машките полови органи се во редовна, опуштена состојба. Надесно, мажот е полово возбуден, пенисот е исправен, а мадното кесе е напрегнато.
  • Ерекција на брадавиците
  • Натеченост на пенисот и ерекција
  • Вените на пенисот можат да станат поизразени
  • Стегање и/или повлекување на кожичката често ја изложува главичката на пенисот
  • Испуштање на течност пред ејакулацијата
  • Набрекнување на јајцата
  • Воздигнување на јајцата
  • Стегнатост и задебелување на мадното кесе
  • Проширување на зениците
Женска полова возбуда. Налево, женските полови органи се во редовна состојба. Надесно, жената е полово возбудена, вулвата е влажна и нејзините срамни усни се малку набрекнати.
  • Ерекција на брадавиците
  • Вагинално подмачкување
  • Вазоконгестија на вагиналните ѕидови
  • Набрекнување и ерекција на завршетокот на дразницата и срамните усни
  • Кревање на грлото на матката и матката
  • Проширување на внатрешните ⅔ на вагината
  • Промена на обликот, бојата и големината на големите и малите срамни усни
  • Проширување на зениците
  • Проширување на ареолата
  1. „APA Dictionary of Psychology“. dictionary.apa.org (англиски). Посетено на 2025-01-26.
  2. Schober, Justine M.; Pfaff, Donald (2007-09-01). „The neurophysiology of sexual arousal“. Best Practice & Research Clinical Endocrinology & Metabolism. Normal and Abnormal Sex Development. 21 (3): 445–461. doi:10.1016/j.beem.2007.04.006. ISSN 1521-690X.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]