Полн оклоп

Од Википедија — слободната енциклопедија

Полн оклоп е оклоп кој е направен од големи полни метални плочи. Ги покрива градите, а понекогаш и целото тело. Целосниот оклоп ги штити градите и екстремитетите. Го користеле Старите Грци, како и Римјаните, а по падот на Римското Царство, тој излегол од употреба. Оклопите изработен од полни метални плочи се враќаат во употреба дури кон крајот на 13 век, и тоа како целосен оклоп кој ги заштитувал сите зглобови. Кон крајот на 14 век се појавиле уште поголеми и посовршени полни оклопи за цело тело. На почетокот на 16 век, бил направен шлемот и штитникот за вратот. Најдобри полни оклопи се изработувале во северна Италија и јужна Германија, така што биле создадени два стила на производство, таканаречениот Миланезе, кој се изработувал во Милано и Готик, кој се изработувал во Светото Римско Царство. И англичаните подоцна направиле свој модел, кој бил еднаков со италијанските и германските оклопи, создавајќи уште еден стил - Максимилијан .

Полниот оклоп бил скап за производство и бил привилегија на побогатите слоеви од општеството. Полниот оклоп, долго откако бил исфрлен од воената употреба со појава на барутот, станал знак на богатство кој и понатаму го носеле благородниците и генералите. Исто така станал популарен меѓу трговците во 16 век. Во 15 век исто така станал популарен полниот оклоп кој бил дизајниран специјално за витешките битки (бил потенок од оној наменскиот за вистинските битки). Подоцна оклоптите биле украсувани со библиски и митолошки мотиви.

Еволуцијата на полниот оклоп директно влијаешела на развојот на оружјето. Додека овие оклопи биле отпорни на сечење и удари, лесно биле прободувани со стрели испукани од моќните самострели и англиските долги лакови, а нивните слаби точки лесно биле пронаоѓани од изострените долги мечеви кои биле дизајнирани специјално за оваа намена. Сепак, повеќето самострели не можеле да го пробијат оклопот подебел од 2. Исто така биле користени и боздогани кои не го пробивале оклопот, туку нанесува многу силни тапи удари преку самиот оклоп.Уште една од слабите точки на оклопот биле спојките каде ножевите и мечевите лесно можеле да поминат. Поради овие слабости, многу витези под полниот оклоп носеле и верижница.

Полниот оклоп се состоел од шлем, гердан, наременица, штитници за колена, штитници за лактови, ракавици, оклоп (штитник за гради преден и задени) и штитник за колкови . Иако изгледа многу тежок, некои полни оклопи тежеле само 20 килограми. Оваа тежи помалку отколку опремата на денешната пешадиска. Тежината била добро распределена така што војникот можел да трча, дури и да скока во неа, а денешнитое истражувања покажале дека может дури и да се плива во нив.

Поврзано[уреди | уреди извор]