Полноќна трка (филм од 1988)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Полноќна трка (англиски: Midnight Run) - американски филм од 1988 година, во режија на Мартин Брест, според сценариото на Џорџ Гало. Главните улоги ги играат: Роберт Де Ниро, Чарлс Гродин, Јафет Кото, Џон Ештон, Денис Фарина и Џо Пантолијано.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Џек Волш (го игра Де Ниро) е ловец на уцени. Неговиот работодавач го ангажира да го фати книговодителот на мафијата Џонатан Мардукас (го игра Гродин), кој му ги украл парите на мафијашот Џими Сероно (го игра Фарина). Волш има рок од пет дена за да го донесе Мардукас од Њујорк во Лос Анџелес. Меѓутоа, агентот на ФБИ, Алонзо Мосли (го игра Кото) го спречува во тоа, известувајќи го дека ФБИ веќе неколку години го следи Сероно, а Мардукас им е потребен како сведок. За кусо време, Волш го наоѓа Мардукас, кој е симпатичен човек кој страда од разни фобии, меѓу кои и од летање со авион. Затоа, тие патуваат со воз, но мафијата дознава за тоа. Оттука, Волш го следат мафијата, ФБИ и уште еден ловец на уцени, Марвин (го игра Ештон). Волш се спогодува со ФБИ да го пуштат Мардукас, во замена за апсењето на Сероно. КОга пристигнува во Лос Анџелес, Волш го пушта Мардукас на слобода, а тој пак му се заблагодарува, давајќи му 300.000 долари, пари што ги украл од мафијата.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]