Полициски возила во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Возилото марка „Шкода Јети“ е најпрепознатливото возило на македонската полиција

Полициските возила во Македонија се службени возила кои се употребуваат од полициските служби во државата за потребите при спроведување на законот.

Историја[уреди | уреди извор]

Реплика од автомобил „Застава 750“ на југословенската милиција.

Првите полициски возила на македонската држава се појавиле со одлуките на севкупната Југославија и во тоа време милицијата во Македонија дејствувала според начелата на социјалистичката федеративна република. Како и низ останатите републики во државата така и во СР Македонија се возеле полициските верзии на Застава 750, Југо и слично. По осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година, возилата на народната милиција излегуваат од функција и новосоздадената македонска полиција ја започнува сопствената историја на полициски возила. Сепак, низ текот на годините полициските возила го задржувале стилот на уредување на ознаките од народната милиција односно возилата биле обоени во сина или бела боја, носеле син или бел текст со големи букви на кој пишувал „Полиција“ и грбот на Министерството за внатрешни работи, што е случај и во денешниот изглед на регуларните полициски возила.

Регистарски таблици[уреди | уреди извор]

Предна (горе) и задна (доле) македонска полициска регистарска таблица

Полицијата во Македонија спротивно од другите јавни служби, располага со сопствени регистарски таблици, меѓутоа тие се достапни само за полициските служби во рамките на Министерството за внатрешни работи (Регуларната, специјалната, граничната полиција). Предната регистарска таблица е на бела позадина која на врвот има црвена линија. На дното од таблицата на англиски јазик пишува „Police“ (Полиција) со бели и големи букви кои се сместени во црвена платформа а над таа платформа со сини и големи букви пишува „Полиција“. Задната регистарска таблица е на бела позадина со исто така црвена линија на врвот. Во средината на таблицата стои грб на МВР. Помеѓу грбот има три идентификувачки бројки од левата и три од десната страна кои се во сина боја.

Список на полициски возила[уреди | уреди извор]

Регуларни возила[уреди | уреди извор]

Автомобили[уреди | уреди извор]

Изглед Вид Корисници Употреба Белешка
Police car of Macedonia 06.JPG Шкода Јети Регуларната, сообраќајната и граничната полиција Патролирање, транспорт, СЕО, гонење Возилото се користи од сите полициски канцеларии, станици, сектори во Македонија и е најпрепознатливото возило на македонската полиција. Има и друга верзија на возилото која се користи како водечко возило при сообраќајно и ескортно обезбедување (СЕО) на важни личности, функционери и сл. а единствена разлика во надворешниот изглед е сирената која се појавува во сина и црвена боја.[1]
Chevrolet Spark (14114286768).jpg Шевролет Спарк Регуларната и сообраќајната полиција Патролирање, транспорт

Џипови[уреди | уреди извор]

Изглед Вид Корисници Употреба Белешка
Defender 110 Number 233 in Washington DC.jpg Ланд Ровер Дефендер Регуларната, специјалната и граничната полиција Патролирање, транспорт, набљудување Граничната полиција користи специјализирана верзија на џипот надоградена со камери за следење кои се користат за набљудување на одредена месност поради спречување нелегални преминувања на границата, трговија и сл.
Dacia Duster Ambiance 1.6 16V 4x2 Artiksweiß Heck.JPG Дачиа Дастер Шумската и граничната полиција

Комбиња[уреди | уреди извор]

Изглед Вид Корисници Употреба Белешка
Macedonia police car 05.jpg Фолксваген Транспортер Регуларната и специјалната полиција Патролирање, транспорт Возилото кое го користи регуларната полиција за разлика од оригиналот е надограден со висок кров. Оваа марка на комбе, без ознаки и без надограден кров ја користи и специјалната полиција. Во 2014 година на подрачјето на Скопје бил промовиран проект за мобилни полициски станици, возилото со кое требало да се извршуваат активностите од овој проект било ова комбе.[2][3]

Мотори[уреди | уреди извор]

Изглед Вид Корисници Употреба Белешка
Pan-european.jpg Хонда ST1300 Пан-европски Сообраќајната полиција СЕО Се користи од Одделението за претходница и сообраќајно и ескортно обезбедување (СЕО) при неговите активности меѓу кои е и ескортот на важни личности, функционери и сл.[1]
SYM Симфони 50 SR Сообраќајната полиција Ги има само во мал број.

Хеликоптери[уреди | уреди извор]

Изглед Вид Корисници Употреба Белешка
Z3-hhb.jpg Бел 212

Специјални возила[уреди | уреди извор]

Оклопни транспортери[уреди | уреди извор]

Изглед Вид Корисници Употреба Белешка
Police car in Sachsen-Anhalt 06.JPG ТМ-170 Специјална полиција Транспорт Во македонската јавност возилото е познато како Хермелин. Се користат редовно од ЕСЗ „Тигар“ и ЕБР.
Interpolitex 2011 (402-41).jpg БТР-80 Специјална полиција Транспорт

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Јутјуб: „Полициско одделение за сообраќајно и ескортно обезбедување“.
  2. „Мобилни полициски станици во над 130 рурални места во околината на Скопје“. Канал 5. 26 јуни 2014. Посетено на 3 ноември 2018.
  3. https://republika.mk/273681

Надворешни врски[уреди | уреди извор]