Полициска приказна (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Полициска приказна“ (кинески: 警察故事) — хонгконшки филм од 1985 година во режија на Џеки Чен, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Џеки Чен (Jackie Chan), Бриџит Лин (Brigitte Lin) и Меги Чеунг (Maggie Cheung). Ова е првиот филм од серијалот „Полициска приказна“ во кој Џеки Чен го глуми полицискиот детектив Кевин. Во 1986 година, на доделувањето на Хонгконшките филмски награди, филмот ја освоил наградата за најдобар филм.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Чан Ка-Куи, наречен Кевин (го игра Чен), е бескомпромисен полицаец од Хонгконг. Тој мора да направи сè за да го избрише срамот од своето име поради обвинението за убиството на еден корумпиран полицаец, кое му го наместил трговецот со дрога кого го гони подолго време...

Наводи[уреди | уреди извор]