Политички систем на Италија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Политичкиот систем на Република Италија го сочинуваат институциите задолжени за донесување на законите и спроведување на јавната политика.

Законодавен систем[уреди | уреди извор]

Со уставот донесен по Втората светска војна, поставен е т.н. симетричен дводомен парламент, со идентични права и должности на двата дома. Притоа, Долниот дом (Собранието) го сочинуваат пратениците избрани на непосредни избори, додека Горниот дом (Сенатот), иако се заснова врз сличен пропорционален изборен модел како и Собранието, има поставено некио ограничувања со кои се постигнува поголема регионална застапеност и политички диверзитет. Дводомниот систем бил поставен со цел да се спречи апсолутна власт на некоја политичка елита и да ги принуди партиите да формираат коалиција која би обезбедила стабилна влада. Како последица на тоа, Италија се одликува со голема политичка нестабилност, бидејќи во периодот од 70 години по Втората светска војна, таа имала дури 64 влади. Всушност, во повоената историја на Италија, ниту едн авлада не го завршила целиот мандат, а многу често владите не успевале да отслужат ни половина од мандатот.

Во 1980-тите започнале обидите за промена на дводомниот политички систем. Така, во 1983 година бил формиран првиот Комитет за уставни реформи на дводомниот парламент, предводен од влијателниот политичар Алдо Боци. иако на почетокот обезбедил сериозна поддршка, сепак обидот на Боци завршил со неуспех. Во 1993 година, по иницијатива на Чирјако де Мита, бил формиран вториот Комитет за уставни реформи, но тој набргу се откажал од раководењето со Комитетот, на чие чело застанала тогашната претседателка на Собранието Леонида Јоти. Во 1997 година се формирал и третиот ваков Комитет, предводен од Масимо д'Алема, кој една година подоцна станал премиер на Италија, но и оваа иницијатива завршила без успех. Во 2005 година, тогашниот премиер Силвио Берлускони успеал да обезбеди мнозинство во парлементот кое му овозможило да иницира реформи кои би ја зацврстиле положбата на премиерот наспроти моќта на претседателот, но неговиот обид пропаднал на референдумот во 2006 година. Во 2011 година, под водство на претседателот Џорџо Наполитано, двете водечки партии постигнале согласност за уставни реформи, но подоцна не успеале да се договорат околу нивната реализација, така што и овој обид пропаднал уште при гласањето во парламентот. Десет годии подоцна, вн почетокот од 2016 година, премиерот Матео Ренци успеал да обезбеди мнозинство во парламентот и да организира референдум за уставни промени.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мирослав Саздовски, „Референдум во Италија“, Економија и бизнис, година 18, број 220, октомври 2016, стр. 76-80.