Полимијалгија реуматика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Полимијалгија реуматика
Polymyalgia rheumatica man.svg
Кај полимијалгија реуматика, болката вообичаено е локализирана на рамената и колковите.
СпецијалностРеуматологија

Полимијалгија реуматика (ПМР) е синдром кој се карактеризира со болка или вкочанетост, вообичаено во вратот, рамената, надлактиците и колковите, но може да се појави низ целото тело. Болката може да биде ненадејна или да прогредира во текот на одреден период. Повеќето индивидуи со ПМР се разбудуваат со мускулна болка; сепак има случаи во кои болката се јавува навечер или имаат болка и вкочанетост преку целиот ден.[1]

Лицата со полимијалгија реуматика исто така може да имаат и темпорален артеритис, воспаление на крвните садови на лицето кое може да предизвика слепило ако не биде брзо третирано.[2] Болката и вкочанетоста може да резултираат со намален квалитет на живот, и да доведат до депресија. Полимијалгија реуматика често се разгледува во асоцијација со темпоралниот артеритис.[3] Се смета дека тригер фактор може да биде вирусна или бактериска инфекција или траума, но секако генетиката е исто така фактор за развој на болеста.[4] Лицата со северноевропско потекло имаат поголем ризик од развој на болеста.[4] Не постои лабораториски тест за потврдување на болеста, но C-реактивниот протеин (CRP) и седиментацијата на еритроцитите можат да бидат од корист.

Третманот на ПМР вклучува кортикостероиди земени перорално.[5] Кај повеќето пациенти третманот трае две до три години.[6]

ПМР за прв пат била регистрирана како посебна болест во 1966 во приказ на случај[7] на 11 пациенти од болницата Маунт Синај во Њујорк.[8] Името го добила од грчкиот збор Πολυμυαλγία полимијалгија, што значи „болка во повеќе мускули“.

Знаци и симптоми[уреди | уреди извор]

Широк спектар на симптоми може да индицираат дека лицето има полимијалгија реуматика. Класичните симптоми вклучуваат:

  • Болка и вкочанетост (умерена до јака) во вратот, рамената, надлактиците и колковите, кои ја намалуваат физичката активност, особено рано наутро/после спиење. Болката може да биде лимитирана само на една од овие зони.
  • Замор и губиток на апетит (што може да доведе до губиток на телесна тежина) се исто така индикативни за полимијалгија реуматика.
  • Анемија
  • Симптоми слични на грип.
  • Понекогаш е присутна и блага треска[9] или абнормална телесна температура.
  • Кај повеќето луѓе, се карактеризира со константен замор, слабост и понекогаш исцрпеност.

Околу 15% од луѓето дијагностицирани со полимијалгија реуматика исто така имаат и темпорален артеритис, и околу 50% од луѓето со темпорален артеритис имаат полимијалгија реуматика.

Епидемиологија[уреди | уреди извор]

Не постојат предуслови која индивидуа ќе развие полимијалгија реуматика, но некои фактори покажуваат поврзаност со заболувањето.

  • Обично, ПМР се јавува само кај лица над 50 години.[10]
  • Просечната возраст на пациентите со ПМР е околу 70 години.[1][11]
  • Жените имаат два пати поголема веројатност од развој на ПМР.[11]
  • Околу 50% од лицата со темпорален артеритис исто така имаат и полимијалгија реуматика.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Gelfand JL (November 18, 2007). „Polymyalgia Rheumatica and Temporal Arteritis“. WebMD. конс. 2008-06-10. 
  2. Schmidt, J; Warrington, KJ (1 август 2011 г). Polymyalgia rheumatica and giant cell arteritis in older patients: diagnosis and pharmacological management.. „Drugs & Aging“ том  28 (8): 651–66. doi:10.2165/11592500-000000000-00000. PMID 21812500. 
  3. Questions and Answers about Polymyalgia Rheumatica and Giant Cell Arteritis Архивирано 2016-05-25 во Wayback Machine.. NIH: National Institute of Arthritis and Musculoskeletal and Skin Diseases. (April 2015).
  4. 4,0 4,1 Cimmino, Marco A. (1997 г). Genetic and environmental factors in polymyalgia rheumatica. „Annals of the Rheumatic Diseases“ том  56: 576–577. doi:10.1136/ard.56.10.576. PMC: 1752263. http://ard.bmj.com/content/56/10/576.full. 
  5. Dejaco, C; Singh, YP (октомври 2015 г). 2015 Recommendations for the management of polymyalgia rheumatica: a European League Against Rheumatism/American College of Rheumatology collaborative initiative.. „Annals of the Rheumatic Diseases“ том  74 (10): 1799–807. doi:10.1136/annrheumdis-2015-207492. PMID 26359488. 
  6. „Polymyalgia Rheumatica treatments and drugs“. MayoClinic. Dec 4, 2010. конс. 2012-01-19. 
  7. Polymyalgia rheumatica. „Arthritis and Rheumatism“ том  9 (1): 18–23. февруари 1966 г. doi:10.1002/art.1780090103. PMID 4952416. 
  8. Plotz, Charles; Docken, William (May 2013). „Letters: More on the History of Polymyalgia Rheumatica and Giant Cell Arteritis“. The Rheumatologist. ACR/ARHP. конс. 2014-06-01. 
  9. „Polymyalgia Rheumatica symptoms“. MayoClinic. Dec 4, 2010. конс. 2012-01-19. 
  10. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ACR.
  11. 11,0 11,1 „Polymyalgia Rheumatica risk factors“. MayoClinic. Dec 4, 2010. конс. 2012-01-19. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори